Мапа на корупцијата

Прочитајте ги случаите на корупција. Потоа изберете ја европската земја каде што мислите дека се случил случајот

К.-АФЕРА – КОМПЛЕКСЕН СЛУЧАЈ НА СУДИР НА ИНТЕРЕСИ И ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ПРАВДАТА

Овој случај сè уште е под судска истрага, но доста добро го илустрира распаѓањето на довербата поврзана со јавната функција: г-дин К, висок функционер во Министерството за економија и финансии, се приклучува на одборот на директори на една голема компанија за градење на бродови. Тој е осомничен дека работел во интерес на компанијата додека ја извршувал својата јавна функција – компанија со која има семејни и професионални врски за кои избегнувал да се изјасни. По отворањето на истрагата за незаконско тргување со влијание и корупција, обвинителството доби изјава од претседателот на републиката г. М., кој ги обесхрабри истражните органи да ја продолжат истрагата против неговиот лојален соработник, кој го следеше до Палатата, каде што сега стана генерален секретар. По откривањето на овој незаконски притисок, а по правна постапка на граѓанска организација, истрагата е повторно отворена и засега не е завршена... Се смета дека г-дин К е невин.

PORTUGAL
ITALY
FRANCE
GERMANY
ROMANIA
GREECE
BELGIUM
Оваа приказна се случи во Франција. За повеќе информации кликнете на овој линк

Мапа на корупцијата

АФЕРА МАСКИ – СЛУЧАЈ НА КОРИСТОЉУБИВОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА СОВИД-19

Сè уште не е јасно дали навистина се случил криминал или не, но има истраги во тек. Аферата со маски е комплексен развој на настани за наводна злоупотреба на повеќе членови на две политички партии, поврзани со набавка на заштитна опрема запандемијата COVID-19. Во екот на пандемијата, имаше зголемена потреба и недостиг од заштитна опрема. Затоа, министерствата имаа потреба од залихи. Договорот стана јавен на почетокот на март 2021-ва година преку истрага на познат весник во земјата. Вкупно, групата составена од двајца пратеници и уште тројца партнери требаше да добие милиони евра провизии за посредување на нарачувањето маски за дишење. Според весникот S. парите оделе преку сметка во Лихтенштајн на офшор компанија. Истраги се водат и поради сомнение за затајување данок.
Во мај 2021-ра година, се обелоденија дополнителни случаи на несоодветно посредување. Политичарите и нивни роднини посредувале во големи нарачки на маски, добивајќи милиони евра провизија. Некои од нарачаните маски, платени со парите на даночните обврзници, биле значително поскапи од другите маски: одреден регион дури купил маски вредни по 9,90 евра!

PORTUGAL
ITALY
FRANCE
GERMANY
ROMANIA
GREECE
BELGIUM
Оваа приказна се случи во Германија во 2020. За повеќе информации кликнете на овој линк

Мапа на корупцијата

А.-АФЕРА – СЛУЧАЈ НА ПОЛИТИЧКИ КЛИЕНТЕЛИЗАМ И КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИ

Госпоѓицата С., која тогаш беше и пратеник и окружен советник, беше осудена за доделување 700.000 евра на лажни здруженија кои беа формирани да изгледаат како социјални групи за обесправени млади или загрозени населби. Нивните членови, за возврат, водеа кампања за за нејзе на изборите. Поопшто, истрагата откри клиентелистичко управување со јавните ресурси, бидејќи една од четирите буџетски ставки доделени за нејзиниот оддел беше посветена речиси исклучиво на нејзината изборна единица.
Во оваа смисла, судската истрага се однесуваше само на многу мал дел од средствата користени за овие цели: огромното мнозинство од овие субвенции беа законски доделени на здруженија кои всушност постоеја и беа активни во областа.
Освен на судско ниво, има и политички и административни последици: на политичко ниво, партијата ја загуби изборната единица на следните избори; на административно ниво, беа воведени инструменти за да се ограничи (или поточно да се направи експлицитен) политичкиот притисок врз јавните службеници задолжени за одобрување на барањата за финансирање.

PORTUGAL
ITALY
FRANCE
GERMANY
ROMANIA
GREECE
BELGIUM
Оваа приказна се случи во Франција, поконкретно во регионот Прованса-Азурниот брег. За повеќе информации кликнете на овој линк

Мапа на корупцијата

ПАРТИСКИ ШЕФ Л.Д. ОСУДЕН НА ЗАТВОР ЗА ЗЛОУПОТРЕБА ВО СЛУЧАЈ СО ЛАЖНИ ВРАБОТУВАЊА

Шефот на партијата XX, Л.Д., е осуден на три години и шест месеци затвор за поттикнување злоупотреба на функцијата. Тој беше ослободен од наводите за фалсификат во случајот со лажни вработувања во Агенцијата за социјална помош и услуги за заштита на деца. Г-дин Д. беше обвинет од Антикорупциската агенција дека го искористил своето влијание за да вработи две жени во Агенцијата за социјална помош и заштита на деца во неговата област. Така, тие земале плата од државата без да се појават на работа, додека реално работеле за партиската организација во округот. Поранешниот прв човек на Агенцијата и поранешни вработени во случајот добија затворски казни. Во овој случај, на поранешната сопруга на г-дин Д. И е наредено да плати (1000 ЕВРА) глоба. Казните издадени од Вишиот суд може да се обжалат.

PORTUGAL
ITALY
FRANCE
GERMANY
ROMANIA
GREECE
BELGIUM
Оваа приказна се случи во Романија во 2018 година. За повеќе информации кликнете на овој линк

Мапа на корупцијата

ПОРАНЕШНИОТ ГУВЕРНЕР ВО ЗАТВОР – СЛУЧАЈ СО ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА ЈАВНИ ПАРИ ВО ПРИВАТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

На поранешниот гувернер на ХХХ, г-дин Р.Ф., кој беше на власт речиси 20 години, му е изречена затворска казна. Судиите го осудија на 5 години и 10 месеци за корупција. Обвинителот зборуваше пред Врховниот суд за „голем коруптивен договор“. Истрагите, започнати во 2012-та година, се однесуваат на пренасочување на јавните средства за финансирање на две приватни болници, за профит, за 30, односно 70 милиони евра. Првиот случај, сепак, е веќе застарен. Оттука, пресудата доаѓа само за една болница.
Тезата на обвинителот, потврдена од Судот, е дека господинот Ф. самоволно одлучил да доделува народни пари, откако бил поткупен од лобистите С. (поранешен советник за здравство) и Д., негов долгогодишен пријател. Конкретно, токму вториот ги платил неговите озлогласени одмори на јахти. Правосудната полиција ја квантифицирала количината на корупција, односно придобивките добиени за околу 10 години, во 8 милиони евра , првостепената пресуда ја намалила на 6,5 милиони евра.

PORTUGAL
ITALY
FRANCE
GERMANY
ROMANIA
GREECE
BELGIUM
Оваа приказна се случи во Италија во 2019 година. За повеќе информации кликнете на овој линк

Мапа на корупцијата

АФЕРА РОДНИНИ – СЛУЧАЈ НА НЕПОТИЗАМ ВО СОБРАНИЕТО

Во 2013-та година на виделина излегоа неколку случаи на непотизам од пратеници. Тие имаа вработени кои беа сопружници, како и роднини од прв и втор степен на кои им плаќаа со народни пари од нивниот буџет – што е забрането од 2000-та година. Се откри дека вкупно 79 пратеници продолжиле да вработат роднини и сопружници на државен трошок. Повеќето од партиите на власт беа вклучени. Со објавувањето на оваа информација во април/мај 2013-та година започна голема јавна дискусија во земјава. Постојните случаи се обелоденија додека министерот-претседател г-дин С побара од засегнатите членови на неговиот кабинет да ги вратат парите. Донесен е построг собраниски закон со кој се забранува вработување на сопствени роднини до четврти степен на сродство како и роднини на други пратеници до трет степен. Исто така се прекинаа постоечките работни односи на роднините.

PORTUGAL
ITALY
FRANCE
GERMANY
ROMANIA
GREECE
BELGIUM
Оваа приказна се случила во Германија помеѓу 2000 - 2013 година. За повеќе информации кликнете на овој линк

Мапа на корупцијата

ЗАВРШНА КАЗНА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ТРИБУНАЛОТ: СУДИЈАТА Е ОБВИНЕТ ЗА ПРОНЕСЕРАЊЕ И КОРУПЦИЈА

Казната од пет години и шест месеци затвор за Ѓ.Б., поранешен претседател на Судот на ХХХ, стана правосилна. Казната беше изречена од Врховниот суд на крајот од судскиот процес инициран во 2011-та година. Поранешниот судија беше прогласен за виновен за проневера и корупција, но беше ослободен од обвиненијата за обид за злоупотреба на службената положба и изнуда на кредит бидејќи веќе беа беше поминато многу време. Господинот Б беше обвинет дека создал незаконски систем за фаворизирање на пријатели за дбивање на работа и дека за истото имал финансиска корист. Покрај пресудата за г. Б., Судот одлучи да ги потврди казните и на четворица други обвинети, меѓу кои и на хонорарецот П.Б., кој се сметаше дека е тој кој го носел митото за судијата.

PORTUGAL
ITALY
FRANCE
GERMANY
ROMANIA
GREECE
BELGIUM
Оваа приказна се случи во Италија во 2019 година За повеќе информации кликнете на овој линк

Мапа на корупцијата

МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ Г. М. ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ИСТРАГА ЗА НАВОДНА КОРУПЦИЈА ПОВРЗАНА СО ДОДЕЛУВАЊЕ НА РЕЗИДЕНТНИ ДОЗВОЛИ

Полицијата уапси 11 лица по скандалот со кој беше обелоденето обезбедувањето „златни визи“ за странци кои сакаат да инвестираат во имотот на земјата. Тие се осомничени за корупција, перење пари, трговија со влијанија и проневера. Извршени се претреси на повеќе локации меѓу кои и на МВР. Министерот за внатрешни работи г. М. изјави за државната телевизија дека не е вмешан во скандалот, но поднесува оставка за да го зачува кредибилитетот на државните институции. Г-дин М.П., шеф на службата за имиграција на земјата, е испрашуван од судија поради сомневање за примање мито, рече неговиот адвокат. Во меѓувреме, владата на земјата ја бранеше визната шема, која за две години донесе над 1 милијарда евра инвестиции.

PORTUGAL
ITALY
FRANCE
GERMANY
ROMANIA
GREECE
BELGIUM
Оваа приказна се случи во Португалија во 2014-та година За повеќе информации кликнете на овој линк

Мапа на корупцијата

СЛУЧАЈ НА КОРУПЦИЈА НА ПАЗАРОТ НА ЕНЕРГИЈАТА

Граѓанин, застапник на приватна компанија, понудил поткуп од 100.000 евра на проект МЕНАЏЕР на компанија која развива енергетски проекти. Поткупот бил понуден за возврат компанијата што ја застапува осомничениот да добие јавен тендер за изградба на ветерни електрани од над 100 милиони евра. Според предистражната истрага, осомничениот побарал одобрување за дополнителни работи во проектот и сакал да добие внатрешни информации за проектите, а дополнително барал и во иднина да биде фаворизирана фирмата што ја застапува. Граѓанинот осомничен за обид за поткуп е приведен и со писмено ветување дека нема да си замине му е одредена мерка домашен притвор.

PORTUGAL
ITALY
FRANCE
GERMANY
ROMANIA
GREECE
BELGIUM
Оваа приказна се случи во Литванија во 2023-та година За повеќе информации кликнете на овој линк

Мапа на корупцијата

МОНАРХИЈА И ПЕРЕЊЕ ПАРИ

Во средината на 2018-та година, главните медиуми на земјата (Х) објавија некои снимки каде се зборуваше за незаконска наплата на милионски и провизии од поранешен монарх, а исто така и постоење на некои сметки во Швајцарија на кои се депонираат овие суми. Како резултат на горенаведеното, во оваа земја беа отворени судски постапки, а во Швајцарија, јавното обвинителство на земјата (Х) не можеше да истражува пред абдицирањето на овој монарх, туку само по неговата абдиција. Судската истрага во земјата (Х) и по приближно две години истрага, утврди дека нема да биде покренато обвинение против поранешниот монарх, меѓу причините се и тоа што националниот устав дотогаш му даваше имунитет.

PORTUGAL
ITALY
FRANCE
GERMANY
ROMANIA
GREECE
BELGIUM
Оваа приказна се случи во Шпанија во 2021-ва година За повеќе информации кликнете на овој линк